На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од брутална хулиганска тепачка во Осиек, Хрватска.
Футсал тимот на Динамо од Загреб во петокот убедливо го победи Осиек на гостински терен (6:2), а по натпреварот пред салата „Зрињевац“ во блискиот парк дошло до масовна тепачка меѓу членовите на навивачките групи на двата тима.
Во пресметката наводно учествувале 40-тина навивачи од едната и од другата страна, а судејќи по видеата кои се појавија на социјалните мрежи, предност имале навивачите на Осиек.
Во паркот настанала тепачка, а во еден момент членовите на навивачката група на Динамо почнале да бегаат. Во општиот хаос, еден од нивните членови паднал на земја, а потоа следела крвава тепачка. Го шутирале додека можеле, а звуците од страшните удари се слушале низ паркот.
На крајот од видеото може да се слушне како хулиганите гордо пеат: „Ние сме најсилни, ние сме најсилни, најсилни“, од што можеме да се заклучи дека тоа се навивачите со име Блу Бојс.