СТРАШНИ СЦЕНИ – Хорор и ужас во Тунис! Познат фудбалер се самозапалил во занк на протест – обожавателите запрепастени и шокирани (фото/видео)

Фудбалер од Тунис почина откако се самозапали во знак на протест против, како што кажува – „полициската држава“ која владее со земјата.

Низар Исауи се здобил со изгореници од трет степен откако се самозапалил во селото Хафуз, во централниот регион Каируан, пишува Daily Mail.

Видео-снимките кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат како Низар снима додека се самозапалува, а вчудоневидените гледачи врескаат во позадина. Веднаш бил префрлен во болница, но изгорениците биле фатални за неговиот живот, а тој набргу починал.

Неговиот брат Раџад објави дека починал во четвртокот, а бил погребан во петокот. За време на неговиот погреб дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата која употребила солзавец, објавија локалните медиуми.

смртТунис