На интернет кружи видео, на кое се гледа како момче паѓа од висина од 12 метри.
Семејството на шестгодишното момче кое падна од зиплајн во забавен парк во Мексико, одлучи да го тужи операторот на возењето поради скршен ремен. Родителите на момчето објавија на Фејсбук и рекоа дека инцидентот се случил минатата недела во забавен парк лоциран во државата Нуево Леон.
Според нив, на момчето му пукнал појасот за време на возењето додека бил на зиплајн, по што паднало во вештачки базен од висина од 12 метри. Во меѓувреме на социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како момче вози зиплајн, а потоа во еден момент застанува и почнува да паѓа од височина.
Турист кој бил во близина на базенот веднаш скокнал во водата и го извлекол детето од водата, пишува NY Post. По падот се здоби со полесни повреди и се опоравува. Неговите родители решиле да го тужат забавниот парк, тврдејќи дека персоналот кој управува со зиплајнот не бил соодветно обучен. По инцидентот, полицијата забрани возење по неколку атракции во споменатиот парк до завршување на истрагата.