СТРАШНО ЗЛОСТОРСТВО – Групното силување ја шокираше ‘европската престолнина на гревот’: Глутница манијаци го снимиле ужасниот чин на своите телефони!

Шпанското одморалиште Магалуф е познато како дестинација за млади туристи желни за забава. Поради нивното однесување, одморалиштето го следи лош глас односно има лоша репутација.

Таквата репутација би можела да ја потврди и наводното групно силување на 18-годишна Британка. Таа во понеделникот околу пет часот наутро била пронајдена како лази на под во фоајето на познат хотел за забави „BH Mallorca“ од обезбедувањето.

Шест туристи, од кои пет француски државјани и еден Швајцарец, биле обвинети за групно силување. Тие наводно го снимиле ужасниот чон со своите мобилни телефони – а полицијата ги држи во затвор додека трае истрагата.

Влегов во утринската смена и ја најдов долу, беше толку вознемирена. Беше ужасно“, изјавил за The Sun чуварот, кој сакал да остане анонимен.

Обезбедувањето повикало полиција, која пристигнала за пет минути. Девојчето добило докторска помош и советување.

Полицијата открила дека девојката ги запознала младите момчиња на забава и со нив се вратила во нивниот хотел, каде наводно сексуално ја нападнале. Таа успеала да побегне и истрчала во фоајето да бара помош.

Девојката им дала на полицајците опис на осомничените – сите на возраст од 20 години – и тие брзо биле пронајдени и уапсени. Обвинетите во вторникот биле изведени пред судот во главниот град Палма де Мајорка со лисици.

Судијата утврдил дека има видео клипови од наводното силување на мобилните телефони на најмалку еден од осомничените, соопштија тамошните медиуми.

На сите шестмина им било одбиено ослободување и се задржани во притвор, но додека трае истрагата, тие официјално не се обвинети.

Девојката се чувствува најдобро што може кога ќе се случи такво нешто“, изјавил за The Sun извор од шпанската цивилна гарда.

Случајот доаѓа откако британски тинејџер, наводно, бил сексуално нападнат од таксист во задниот дел на такси во Магалуф во раните утрински часови на 11. август. 17-годишно момче отишло во полициска станица со својата мајка и тврдело дека таксистот почнал да го допира на враќање кон хотелот пред да побара да има секс со него. Според локалните извештаи, момчето било физички нападнато додека се обидувало да побегне, пишува The Sun.

Останува на полицијата да ја истражи основата на овие сериозни обвинувања против млада Британка. 

девојкаМајоркасилувањеШпанија