Навивачката зона во Франкфурт беше итно евакуирана во петокот вечерта поради невреме и грмежи. Навивачите најпрво не сакаа да ја напуштат локацијата наменета за нивниот собир пред натпреварите за време на Европското првенство, но на крајот беа принудени и тоа се покажа како одлично решение.
Дрво со висина до 30 метри се сруши како последица на невремето што го зафати овој град, пренесува „ fenix-magazin.de “.
Откорнатото дрво завршило покрај штанд за пиво каде што се вели дека се уште има група посетители, а сето тоа се случило непосредно пред почетокот на натпреварот помеѓу Полска и Австрија.
– Вистинско чудо е што никој не е повреден – изјави портпаролот на полицијата во петокот вечерта.
Невремето се смири непосредно пред почетокот на вториот дел од натпреварот.