Британецот доживеал неверојатно и ужасно искуство, кое е болно за читање. Проблемот започнал кога Џек Холмс разви, како што мислел тој, „големо мозолче“ односно поткожен чир на челото. Тој и неговата сопруга со денови се обидувале да го „смират воспалението“, за да видат дали може да се расчисти, додека на челото не му се појавил оток толку голем што окото му се затворило.
Кога му се затвориле двете очи, Холмс сфатил дека мора да побара докторска помош, пишува The Sun.
Во болницата тој останал целосно шокиран – докторите му кажале дека го каснала т.н. „коњска мушичка“ и дека му испуштила јајца на челото. Самите доктори останале зачудени додека ја санирале и пунктирале раната.
„Гледав како нешто ми излегува од челото, беше апсолутно одвратно“, се присетил Џек Холмс и додал: „Потоа ми отече устата, но за среќа антибиотикот среди сè“, раскажал несреќниот Британец.
Треба да бидете внимателни, особено со доаѓањето на потоплите месеци. Кожна мијаза е наезда на кожата од ларви на одредени видови муви. Нарушувањата варираат во зависност од видот на мувата. Овие инфекции обично се јавуваат во тропските земји. Многу муви не ги несат своите јајца на луѓето. Наместо тоа, тие ги положуваат своите јајца на други инсекти (како што се комарците) или на предмети (при сушење алишта) кои можат да дојдат во контакт со човечка кожа.
Јајцата на површината на кожата се претвораат во ларви кои се закопуваат во кожата и се развиваат во зрели ларви. Типичните симптоми на фурункуларна мијаза вклучуваат чешање, чувство на движење под кожата, а понекогаш и остра, прободувачка болка.
На почетокот, луѓето имаат мала црвена испакнатина што може да изгледа како обично каснување од бубачка или почеток на масно ткиво. Подоцна, испакнатоста се зголемува, а во средината може да се види мал отвор. Низ отворот може да излезе проѕирна жолтеникава течност, а понекогаш се гледа и мал дел од крајот на ларвата, пишува The Sun.