Израелската армија (ИДФ) денеска објави дека пронашла објект под џамијата во населбата Зејтун во градот Газа, што палестинската милитантна група Хамас, ја користи за производство на ракети.
„Џамијата, во областа Зејтун, се користеше како лабораторија за правење оружје“, изјави портпаролот на ИД, Даниел Хагари на прес-конференција, пишува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека израелските војници влегле во џамијата за да проверат дали има замки.
Но, според неговите зборови, кога влегле во зградата нашле тунелско окно и скалила.
„Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам“, рече Хагари, пренесе Танјуг.