СТРАШНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Кина е на работ на откритие кое е неспоредливо со ниту едно оружје во светот: “Ова е посилно од она што го имаат Русите во Украина но и САД!“

Кина гради софистицирано сајбер оружје што би можело да ја „преземе контролата“ над непријателските сателити, што ги прави бескорисни за надзор или шпионажа, стои во објавените тајни документи на американските разузнавачки служби од Пентагон, пренесува Financial Times (FT).

САД проценуваат дека притисокот на Кина да развие способност за „киднапирање“ на непријателски сателити е клучен дел од нивната крајна цел за целосна контрола на информациите. Официјален Пекинг смета дека управувањето со информациските ресурси е клучен домен во идните војни.

Документот означен од ЦИА, објавен оваа година и претходно непријавен, е само еден од десетиците наводно објавени тајни документи од 21-годишниот американски војник на социјалната мрежа Дискорд (Discord), во најзначајното протекување на информации од американскиот безбедносен апарат во повеќе од една деценија.

Сајбер-способноста од ваква природа далеку би го надминала сè она што Русија има распоредено во Украина, каде тимовите за електронско војување првенствено користеле пристап со брутална и физичка сила, пишува Financial Times.

Поамбициозните сајбер напади на Кина имаат за цел да ги имитираат сигналите што непријателските сателити ги добиваат од нивните оператори. На овој начин, тие можат целосно да ги преземат или да предизвикаат дефект во клучните моменти во некоја идна војна.

САД никогаш не открија досега на јавноста дали поседуваат слични сајбер способности.

Во меѓувреме, Тајван, откако дозна колку сателитските комуникации се незаменливи во војната во Украина, се обидува да изгради комуникациска инфраструктура што може да преживее кинески напад. Како знак за тоа како станаа клучни сателитските комуникации во војувањето, руски сајбер напад успеа да оневозможи илјадници рутери на украинската војска неколку часа пред да ја започне својата инвазија на 24. февруари минатата година. Услугата била прекината и за илјадници корисници во Полска, Италија и Германија, каде биле погодени и неколку стотици ветерни турбини.

Хакирањето на системот со име – Viasat, иако софистицирано, вклучува упад во компјутерските системи на компанијата и потоа испраќање инструкции до модемите кои на крајот го предизвикуваат дефектот.

Целите на Кина, според објавените проценки, се далеку понапредни. Тие би сакале да ја оневозможат способноста на сателитите, кои имаат тенденција да работат во меѓусебно поврзани групи, да комуницираат едни со други, пренесувајќи сигнали и команди до системите за оружје. 

Американските воени претставници предупредија дека Кина постигнала значителен напредок во развојот на воената вселенска технологија, вклучително и сателитските комуникации.

Генерал Б. Шанс Салцман, командант на американските вселенски сили, минатиот месец му кажа на Конгресот дека официјален Пекинг агресивно ги следи таквите способности во обид да го постигне својот сон да стане водечка сила надвор од атмосферата на Земјата до 2045 година.

Кина продолжува агресивно да инвестира во технологија дизајнирана да ги наруши, деградира и уништи нашите вселенски способности“, порача тој.

Генералот, исто така, открил дека само во изминатите шест месеци Кинезите распоредиле дури 347 сателити со цел следење, шпионирање, таргетирање и напад на американските вселенски сили во некој иден конфликт.

војнаКинаоружјеРусијаСАДтајни документиУкраина