– Студијата спроведена во Соединетите Американски Држави (САД) откри дека кај луѓето што биле изложени на силен стрес во рана младост постои поголем ризик подоцна во животот да имаат проблеми со срцето.
Истражувачите ги испитале податоците на 276 луѓе на возраст од 13 до 24 години што учествуваа во студиите за здравјето на децата поврзани со Универзитетот на Јужна Калифорнија.
Учесниците се поделени во четири групи според нивото на стрес: „конзистентно висок стрес“, „стрес што се намалува со текот на времето“, „стрес што расте со текот на времето“ и „конзистентно низок стрес“.
Истражувачите открија дека луѓето со високо ниво на стрес добиваат поголема тежина во подоцнежниот живот, имаат поголем ризик од дебелеење, а со тоа и зголемен ризик од срцеви заболувања.
Исто така, откриено е дека васкуларното здравје на овие луѓе е полошо и дека нивниот крвен притисок бил повисок како што стареат.
Фанки Гуо, истражувач од Универзитетот на Јужна Калифорнија, е една од авторките на студијата.
„Оваа студија ни ја покажува важноста на справувањето со стресот на рана возраст како превентивно здравствено однесување“, рече Гуо.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Американ Харт Асоциејшн“.