Лошиот мирис на лукот се создава од составот на сулфур, кој телото не може да го свари – затоа, овој мирис се издишува со здив и пот.
Истражувачите од Универзитетот во Охајо во САД сугерираат дека најдобар начин да се ослободите од лошиот здив е да јадете јаболко.
Научниците пробале различни намирници за да го отстранат мирисот на лукот што го изеле – јаболкото се покажало како најефикасно во неутрализирање на ефектот на мирисот.
Ензимите на јаболкото реагираат со состојките на лукот, отстранувајќи го мирисот, пренесува Телеграфи.
Се покажа дека зелениот чај, спанаќот, магдоносот и свежото нане имаат неутрализирачко дејство бидејќи се богати со полифенол, антиоксиданс кој реагира со состојките.
Млекото е уште еден дезодоранс бидејќи содржи многу метил сулфит. Посебно млекото богато со масти.
За максимален ефект, јадете лук заедно со која било од овие намирници.