Уапсени се четворица студенти осомничени за силување на 19-годишната Медисон Брукс, студентка на Државниот универзитет во Луизијана, соопшти американската полиција.
Каивон Деондре Вашингтон (18), Еверет Ли (28) и Кејсен Карвер (18) се предале во понеделникот, а четвртиот осомничен, 17-годишник кој не е идентификуван бидејќи е малолетник, се предале еден ден порано. Како што пренесува New York Post, жртвата ја исфрлиле од автомобилот по силувањето, а таа била прегазена од автомобил кој поминувал на патот а потоа починала.
Брукс, кобната ноќ пиела во ,,Реџи” – бар во близина на кампусот, каде што го запознала 17-годишниот осомничен за злоделото кое се случило на 15 јануари. Помеѓу 1 и 2 часот излегла од локалот со тинејџерот и неговите пријатели.
Кејсен Карвер и’ рекол на полицијата дека Медисон била многу нестабилна, едвај одела, не можела да одржува рамнотежа и имала неразбирлив говор. Таа побарала превоз до дома, а 17-годишното момче кое е осомничено и таа шетале заедно и се прегрнувале.
– ,,Се согласил да ја земе. Била пијана, а тој не сакал да ја остави додека била во таква состојба, а кафеаната се затворала” – стои во налогот за апсење.
Карвер тврди дека бил на возачкото место, Ли на совозачкото, а Вашингтон и 17-годишникот биле одзади со Брукс. Кога ја прашале за адресата, девојката, како што стои во соопштението, паднала во несвест и можела да им одговори, па возеле на кратко и застанале.
– ,,Го слушнав мојот 17-годишен пријател како пет пати ја прашува дали сака да има секс со него, на што му даде усна согласност. Тие биле во интимна врска од порано, но тогаш пријателот рекол дека мора да застанат и да си заминат” – се наведува во документот што го објави полицијата.
На прашањето за време на полициското испрашување, дали верува дека жртвата е премногу пијана за свесно да се согласи на секс, Карвер одговорил:
-„Претпоставувам“.
Полицијата разговарала и со Каивон Деондре Вашингтон, кој рекол дека е тажен поради смртта на Медисон но потоа бил рамнодушен и не бил многу загрижен за делото кое го направил.
Тој признал дека тој и најмалиот другар имале секс со Брукс на задното седиште во автомобилот додека Карвер и Ли биле на предните седишта, пишува Дејли Мејл.