Платформата ги обедини жртвите од земјотресот како и експертите за ментално здравје од сите делови на Туркије, за да на преживеаните им го олеснат процесот на излекување.
Со оглед дека природните катастрофи се проследени од низа разни проблеми поврзани со менталното здравје, подрачјата погодени од земјотрес на југоистокот на Туркије и северозападна Сирија нема да бидат ништо поразлични.
Студентка на Постдипломски студии по психологија од Универзитетот Богазичи во Истанбул ја препозна потребата да се создаде база на податоци за жртвите од земјотресот со цел полесно, побрзо и бесплатно да добијат психолошка поддршка.
Со помош на својот брат, ја креираше платформата www.psikologbul.io, која содржи информации од експерти за менталното здравје кои доброволно пружаат лична или онлајн психосоцијална поддршка на жртвите од земјотресот и нивните роднини погодени од смртоносните земјотреси.
„Имаше многу медицински тимови кои пружаа поддршка и психосоцијална поддршка во подрачјата погодени од земјотрес, но многу жртви мора да ги напуштат тие подрачја додека поддршката и понатаму им е потребна“, вели Хатиџе Шејма Кара во изјава за ТРТ Ворлд.
Акциите за спасување се се уште во тек, а се појавија различни потреби на преживеаните во земјотресот, при што многу важна е психолошката поддршка.
„Неколку институции и експерти исто така најавија дека ќе пружат бесплатна поддршка ширум Туркије, но на жртвите навистина им е тешко да ги пронајдат и да им пристапат. Во овој момент мислевме дека базата на податоци која ги комбинира на едно место значително ќе го олесни процесот“, додава таа.
Откако дошла до бројни психотерапевти кои сакаат да пружат бесплатна психолошка поддршка, дизајнирала веб-страница со помош на својот брат Ахмет Бугра Кара, кој е програмер.
На нив им било потребно само два дена да напишат код, да дизајнирааат веб-сајт и да го тестираат. Веб сајтот моментално вклучува повеќе од 300 експерти за ментално здравје од сите делови на Туркије и бројот веројатно ќе се зголемува.
Сите кандидати мораат да поминат обука за траумите и катастрофите во областа на менталното здравје и секој од нив поминува проверка пред додавање во базата на податоци. Според турските власти, најмалку 2.072 експерти за ментално здравје се распоредени во зоната на земјотресите и дополнителни 791 лице кое пружа ментална поддршка на жртвите од далечина.
Осум дена по земјотресот, повеќе од 195.962 лица се евакуирани од подрачјата погодени од земјотресот, според податоците на Управата за управување со катастрофи (АФАД). Бројот на загинатите ќе расте во наредните недели.
„Чекаме повеќе експерти и институции за ментално здравје да се пријават за волонтирање бидејќи и понатаму постои огромна потреба за психолошка поддршка и тоа ќе продолжи“, вели Кара.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со центар во провинцијата Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 провинции, меѓу кои во Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Туркије за помалку од 10 часа.
TRT Балкан