Студент му ја отсекол главата на работник на факултет а потоа мирно чекал полиција! Ова се деталите од ужасот во Варшава: Студентите гледаа сè, државата нуди помош (ФОТО)

Студент по право на Универзитетот во Варшава, полски државјанин (22), 
вчера со секира обезглавил административен работник (53) на универзитетот и тешко повредил обезбедувач (39), кој, за среќа, не е во животна опасност.

Засега, мотивот на студентот е непознат, а прес-конференцијата е закажана за 13:30 часот.

Нападот се случил околу 18:40 часот. 22-годишен маж нападнал носач во една од зградите, а потоа и обезбедување кој интервенирал. Жената починала на самото место, со тешки повреди на главата. Мажот бил префрлен во болница во тешка состојба.

Полицијата го уапси сторителот кој не пружил отпор, а истражителите ќе спроведат активности со приведениот денес.

Властите на Универзитетот во Варшава прогласија ден на жалост на 8 мај, откажувајќи ја наставата.

Како што објави обвинителот, младиот човек имал опасно оружје во форма на секира. 

Универзитетот во Варшава на својата веб-страница потсети дека „универзитетот им обезбедува поддршка на сите на кои им е потребна“, бидејќи многу студенти беа сведоци на ужасот што се случи.

„Шокиран сум од бруталниот злостор на Универзитетот во Варшава. Се надевам дека повредениот човек во нападот ќе се опорави. Мора да има строга казна за тој брутален напад”, рече градоначалникот на Варшава, Рафал Цашковски, за мрежата X.

Во времето на нападот, на Универзитетот на предавање бил и министерот за правда Адам Боднар, кој веднаш бил евакуиран, но според извори од полското Министерство за правда, нападот нема никаква врска со политиката и министерот.

Засега, на почетокот на истрагата, полицијата нема информации за причините.