СТУДЕН ТУШ ОД ЕМАНУЕЛ МАКРОН ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН – Претседателот на Франција не е за проширување на ЕУ: “Европа тешко напредува, а нема да биде ниту полесно…“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, порача дека Европската унија (ЕУ) треба да биде храбра и да најде начини за интегрирање на земјите кандидати, меѓу кои се Молдавија, Украина и земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија, пишува угледниот весник Politico.

Емануел Макрон вели дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации и дека мора да изгради консензус со повеќе од 30 нејзини членки.

Ризик е да се мисли дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува во чувствителните прашања со 27 членки, а нема да биде полесно со 32 или 35“, истакна Емануел Макрон на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.

Емануел Макрон

Ќе ни треба храброст да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со повеќе брзини“, додава Емануел Макрон.

Претседателот на Франција не прецизираше како би функционирала Европа со повеќе брзини, но додаде дека е неопходна ревизија на процедурите за блокот да остане атрактивен.

Според неколку француски функционери, Владата на Емануел Макрон работи на неколку предлози за Европа со повеќе брзини, кои би вклучиле создавање неформални групи на земји-членки кои ќе работат на одредени области на политиката.

Емануел Макрон, исто така, навести дека ќе ги детализира своите размислувања за проширувањето и реформите на ЕУ во наредните месеци, пред изборите за ЕУ ​​следната година.

Западен БалканполитикаФранција