СТЈУРДЕСА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА АЕРОДРОМ – Убиецот и бутнал партал во уста, залудно ја барале 48 часа, а телото случајно го открила чистачка

Стјуардеса на авио-компанијата American Airlines била пронајдена мртва во хотел на аеродром со партал во устата.

Неименуваната стјуардеса (66 г.) била пронајдена во понеделникот вечерта во соба во хотелот „Merriot“ на меѓународниот аеродром во Филаделфија. Телото било откриено два дена откако требало да се одјави од хотелот на аеродромот.

Полицијата била известена откако чистачка пријавила дека во собата има жена која не дава знаци на живот.

Главниот инспектор на полицијата во Филаделфија, Скот Смол, вели дека по внимателно испитување на телото било утврдено дека има „партал во устата“. Полицијата во Филаделфија сè уште ја истражува смртта.

Скот Смол вели дека нема знаци на принудно влегување во собата и се верува дека стјуардесата претрпела „ненадејна смрт“. Тој исто така истакнува дека стјуардесата била на „неколку лекови“ во моментот на нејзината смрт.

Локалните медиуми објавија дека во собата биле пронајдени неколку неотворени шишиња со лекови на рецепт. Не е пронајдено оружје и сè уште не се уапсени осомничени како дел од истрагата што наводно ја спроведува одделот за убиства.

аеродромСАДсмртФиладелфија