Стјуардеса снимила мистериозен феномен на небото за време на летот на Везер од Лутон до Полска.
Дениса Танасе (36) низ прозорецот ја видела неверојатната сцена на небото над Полска и решила да ја сними со камерата на својот мобилен телефон. Таа го прегледа видеото 20 минути подоцна и забележа како што верува дека е неидентификуван летечки објект.
- Една година сум стјуардеса и никогаш не сум видела нешто слично – вели Танасе.
Стјуардесата вели дека им го покажала видеото на пилотите и ги прашала дали знаат нешто за тоа.
- Сите бевме збунети. Пилотите не виделе ништо додека летале и немало турбуленции – вели стјуардесата.
Тврди дека НЛО имало облик на круг што светка розово.
– На почетокот мислевме дека можеби е одраз на нашата розова униформа, но на видеото може да се види движење. Се гледа како лета – вели стјуардесата.
Дениса и покрај тоа што е збунета, не е загрижена за видеото. Таа наведува дека секогаш се прашувала дали постои вонземски живот, но сега е сигурна дека постои.
-Вакви работи веќе имам видено на интернет и отсекогаш мислев дека е фотошоп, меѓутоа, сега го имав сам на видео. Дефинитивно верувам повеќе сега отколку порано. Моето семејство и пријателите мислат дека дефинитивно се вонземјани. Мојот сопруг рече дека ми верува – вели Танасе.