Градските власти во спрскиот главен град најавија субвенции од 33 илјади динари за децата кои одат во приватни градинки.
– Отсега родителите нема да добиваат пари, туку ќе потпишуваат договори со градинката, а ние директно ќе плаќаме во градинките, рече градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Тој додаде дека евиденцијата ќе ја водат градинките кои секој месец ќе доставуваат извештаи до градот.
-Приватните градинки ќе имаат загарантирани средства, 33 илјади динари врз основа на запишано дете. Без разлика дали детето дошло во градинка или не, тие ќе треба да обезбедат капацитет, рече Шапиќ.