– Во ерменскиот главен град Ереван вечерва избувнаа судири меѓу полицијата која го обезбедува седиштето на ерменската влада и демонстрантите против премиерот Никол Пашињан.
Полицискиот кордон, кој бил гаѓан со шишиња, се спротивставил на толпата демонстранти кои се обиделе да упаднат во зградата. Полицијата употребила и шок бомби.
Демонстрантите претходно побараа оставка од премиерот Пашињан, критикувајќи го дека не успеал да го заштити Нагорно-Карабах.