Украинскиот тешкаш, Олександр Усик, стана апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, откако го победи Тајсон Фјури.
Споменатата борба заврши по 12 рунди и по поделена одлука.
Боксерскиот спектакл се одржа во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, а привлече бројни познати личности, меѓу кои Нејмар и Кристијано Роналдо.
Имено, гореспоменатите фудбалери играат во локалната лига – Роналдо настапува за Ал Наср, додека Нејмар за Ал Хилал, за кој настапуваат и српските репрезентативци Сергеј Милинковиќ Савиќ и Александар Митровиќ.
Роналдо и Нејмар пред борбата разговараа со пријатен тон, а потоа уживаа во боксерскиот спектакл.