Судијката Алексовска Стојановска е кадар на СДСМ? Во нејзината куќа е сместен нивен штаб

СДСМ го окупираше и го зароби правосудниот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќу дека во судството се потребни итни и неодложни реформи.

Седум години власт наместо да работи на реформи и професионализација на правосудните органи, СДСМ во нив ставаше негови послушници, кои место по закон работеа по партиски директиви. Тоа може да се види и од долгогодишниот прогон на ВМРО-ДПМНЕ, каде што послушните судии партиските соопштенија на СДСМ ги преточуваа во судски одлуки, носејќи драконски казни за политички монтирани случаи. Таков е и примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска која за монтиран случај против ВМРО-ДПМНЕ пресуди драконски казни, а од затвор спасила лице кај кое било пронајдено значително количество дрога, кој по нецела година одзеде млад живот на скопските улици. Дека судијката Алексовска Стојановска е кадар на СДСМ, освен по прогонот и драконските казни за ВМРО-ДПМНЕ, може да се заклучи и од тоа што во нејзина куќа сместиле партиски штаб. Односно, во куќа во сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска е сместен општинскиот штаб на СДСМ во Ранковце. Таа е судијка која требала да биде непристрасна и да работи согласно закон, без политички влијанија, но наместо тоа, не само што во нејзиното работење била пристрасна и судела по партиски директиви, туку во нејзиниот дом во Ранковце го сместила општинскиот штаб на СДСМ, се вели во соопштението.

Од ваквата постапка на отстапување на простор од семејната куќа за партиски штаб, велат од ВМРО-ДПМНЕ, очигледна е блискоста и поврзаноста на судијката Алексовска Стојановска со СДСМ.

И токму поради ваквите судии длабоко поврзани со политиката и партиите, потребна е итна реформа и ресетирање на правосудниот систем, реагираат од партијата.