Судот го призна Мадуро за претседател

Врховниот суд го призна Николас Мадуро за избран претседател на Венецуела за периодот 2025-2031 година.

Веста ја пренесе ТВ каналот Телесур, повикувајќи се на одлуката на судот.

Претходно, Изборната комисија соопшти дека Мадуро доби трет мандат на изборите одржани на 28 јули.

Според венецуелската изборна комисија, Мадуро добил 51 отсто од гласовите, а Гонзалес 44 отсто. Сосема поинаков резултат покажа реномираната американска компанија Едисон Рисрч, која спроведе национална излезна анкета – Гонзалес победи со 65%, а Мадуро доби само 31%.

Затоа опозицијата зборуваше за фалсификување на изборните резултати.