Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да донесе одлука по мислењето дадено од Јавното обвинителство за примена на Законот за амнестија за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.
Мислењето доставено на претходното рочиште во декември лани, не се однесува за поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.
Во доставеното мислење до Основниот кривичен суд Скопје од ОЈО ГОКК за примената на Законот за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“, се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, особено ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани.