Судскиот совет кој им суди на родителите на момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет врсници и еден обезбедувач во страотен масакр, одлучи да не го прифати предлогот на одбраната малолетниот убиец повторно да биде сослушан во постапката.
Како што е познато, продолжението на судењето е закажано за 20 декември кога треба да се изведат преостанатите докази и да почнат завршните изјави пред пресудата.
– На денешното судење беа изведени писмени докази. Судскиот совет ја соопшти одлуката за предлогот на бранителите на родителите на претходното судење, нивниот син, кој престојува во психијатриска установа, повторно да биде изведен пред судот за да даде исказ. Овој предлог за одбрана беше одбиен. Во продолжение на судскиот процес треба да се сослуша уште една жртва, да се изведат преостанатите писмени докази, а потоа да се изведат завршните зборови пред пресудата – вели изворот за српскиот портал Србија Данас.
Да потсетиме дека таткото на момчето е обвинет за предизвикување општа опасност, а мајката за недозволено поседување оружје и експлозивни направи. Вишото јавно обвинителство во Белград, да потсетиме, го продолжи обвинението против нив и за злоупотреба и запуштање на малолетно дете. Во текот на судењето тие се изјаснија дека не се виновни за сите злосторства.
– Пресудата може да се очекува на крајот на годината, или на почетокот на следната година – додава соговорникот.