– Делови од извештајот на Големата порота во Џорџија за напорите на поранешниот претседател Доналд Трамп да ги оспори изборите во 2020 година треба веднаш да бидат објавени, но секоја препорака за можни кривични пријави засега ќе остане запечатена, изјави денеска државниот судија.
Наодите на истражниот совет, кои оттогаш останаа запечатени
по завршувањето на конечниот извештај во јануари, потенцијално можат да послужат како основа за кривично гонење на Трамп или неговите соработници, кои се обидоа да ја оспорат победата на демократскиот претседател Џо Бајден.
Судијата на Врховниот суд на округот Фултон во Џорџија, Роберт Мекбурни, рече дека три дела од извештајот ќе бидат објавени во четврток.
Одлуката дали да се поднесе кривична пријава на крајот зависи од обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис.
На сослушувањето на 25 јануари, Вилис му кажа на Мекбурни дека одлуките за обвинение се „неизбежни“ и го повика да го држи извештајот во тајност.
Истрагата на Вилис може да го направи Трамп првиот поранешен претседател на САД кој ќе се соочи со кривично гонење, неколку месеци откако ја започна својата кандидатура за републиканска претседателска номинација во 2024 година.
Трамп негираше сè и ја обвини Вилис, која беше избрана од демократите, дека е политички мотивирана.