14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски пред да бидат убиени претрпеле тешки телесни повреди, според материјалните докази кои Обвинителството ги изнесе пред судот и јавноста, на денешното продолжение на судењето.
Вања Ѓорчевска била жива кога била застрелана, соопшти Обвинителството на денешната судска седница за двојното убиство.
„Од извештајот од обдукцијата не се покажа дека таа била задавена претходно. Се пукало од половина метар, одзади, десно. Одеше по кал пред да се ликвидира. Таа беше убиена додека клечеше“, рече претставникот на Обвинителството.
Обвинителката Жаклина Трајковска нагласи дека Панче Жежовски е пронајден во дупка длабока три метри со пречник од 1,67 метри. Во близина на дупката покриена со нечистотија и трње, пронајден е мобилниот телефон на Жезовски како и патрона муниција калибар 9 милиметри.