– Две лица добија доживотна казна затвор, едно лице е осудено на 20 години, а друго на 19 години во судскиот случај против 6 лица што се води повеќе од две години во Австрија во врска со терористичкиот напад извршен на 2 ноември 2020 година во кој животот го загубија 4 лица, известува „Анадолу“.
Во процесот што го води Сојузниот покраински суд во Виена, осумчлениот Судски совет ја соопшти својата одлука за шесте лица на кои им се судеше за помагање и пружање засолниште на терористот кој уби 4 лица.
Според оваа одлука, две од четирите лица за кои беше утврдено дека помагале во извршувањето на терористичкиот акт, и кои на терористот му овозможиле пристап до оружје и слична муниција и биле свесни за нападот, осудени се на издржување казна доживотен затвор.
Едно лице на кое му се суди по истите основи, осудено е на 20 години, а друго на 19 години затвор.
Освен четирите лица за кои е утврдено дека му помагале на терористот, за преостанатите двајца обвинети е утврдено дека немале директна врска со терористичкиот акт врз основа на достапните докази и се ослободени од обвиненијата, но истите овие двајца осомничени се осудени на по две години затвор со образложение дека се членови на терористичката организација ДАЕШ и вршеле пропаганда на оваа организација.
Во терористичкиот напад извршен на 2 ноември 2020 година во Виена, главниот град на Австрија, од страна на 20-годишен терорист, австриски државјанин со потекло од Северна Македонија, животот го загубија 4 лица, а 23 лица беа повредени.