‘СУЛТАНОТ’ ДОНЕСЕ ОДЛУКА – Реџеп Таип Ердоган откри кога Парламентот ќе даде зелено светло за членство на Шведска во НАТО

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека Парламентот во Анкара во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО.

Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме сè што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците“, изјавил Реџеп Таип Ердоган во говор по седницата на Владата.

Реџеп Таип Ердоган додал дека Анкара е подготвена да ги реши сите проблеми со дијалог.

НАТОРеџеп Таип ЕрдоганТурцијаШведска