Според последните истражувања на јавното мислење пред изборите во Турција, кои ќе се одржат на 14. мај, главниот противник на Реџеп Таип Ердоган за претседателската функција, Кемал Киличдароглу, има поддршка од над 50 отсто од испитаниците.
Анкетите, спроведени по разорниот земјотрес на 6. февруари, покажуваат дека Кемал Киличдароглу како претставник на најголемиот дел од турската опозиција води во првиот круг гласање, објави медиумската агенција Reuters.
Според извештаите, за него во анкетите на 7, мај гласале 50,9 отсто од испитаниците, а за Реџеп Таип Ердоган 45,4 отсто.
На изборите кои се сметаат за едни од најважните во модерната историја на Турција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган се соочува со најголемиот политички предизвик од неговото дводецениско владеење.
Доколку ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите во првиот круг, првите двајца ќе се соочат на вториот круг закажан за 28. мај.
Повеќето анкети за парламентарните избори покажуваат дека главната опозициска коалиција – Националната алијанса, е пред Народната алијанса, предводена од АК партијата на Реџеп Таип Ердоган.
Опозициската предизборна коалиција ја вклучува главната опозициска партија ЦХП на Кемал Киличдароглу, проследена со исламистичката партија, Демократската партија, како и две партии основани од поранешните сојузници на Реџеп Таим Ердоган – Дева и Будуќност.
Третата по големина партија во парламентот, прокурдската Демократска партија на народите (ХДП), ја формираше Алијансата за труд и слобода со неколку други левичарски партии.
Политичките опции, кои излегуваат на гласање, можат да влезат во парламентот доколку го поминат прагот од седум отсто од вкупниот број гласови.