Суперкомпјутерот открива кој има најголеми шанси да ја освои Лигата на шампионите

Лондонски Арсенал е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите.

Барем така тврди аналитичката компанија Опта, која ги објави првите проекции за најсилното фудбалско натпреварување во светот оваа година.

Имено, по две кола игра, фаворитот за освојување на европската титула се промени. Пред првиот натпревар, или по ждрепката, Ливерпул имаше најголеми шанси со 17,2 проценти, додека Арсенал сега е на првото место (пред Ливерпул и победникот од минатата сезона, ПСЖ).

Следат Сити, Баерн, Барселона, а Реал е само седми според проекциите.

Ве потсетуваме дека Арсенал никогаш не ја освоил Лигата на шампионите, а во оваа европска сезона влезе со победи против Олимпијакос (2:0) и Атлетик Билбао (0:2) и има максимален ефект како Баерн, Реал, ПСЖ, Интер и Карабах.