СУПЕРКОМПЈУТЕР ГИ ОДРЕДИ ФАВОРИТИТЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ – Манчестер Сити е апсолутно без конкуренција и на прво место според рангирањето

Компанијата за аналитика Opta Power ги рангираше екипите кои учествуваат во Лигата на шампионите според нивните шанси за победа во ова натпреварување.

Според рангирањето на Opta Power, најголемиот фаворит за титулата доаѓа од групата Г. Секако, тоа е актуелниот шампион, тимот на Манчестер Сити. На тимот на Пеп Гвардиола му се даваат огромни 36 проценти шанси да ја одбрани титулата.

Колкава е доминацијата на „Граѓаните“ според суперкомпјутер говори и тоа што втор фаворит е Баерн Минхен со 10,2 отсто шанси, а трет, изненадувачки, е Арсенал со седум отсто.

Следни се Реал Мадрид, Наполи и Манчестер Јунајтед. Во топ 10 фаворити се и Барселона, Порто и Лајпциг

Можеби најголемото изненадување на оваа листа е падот на Пари Сен Жермен. Тимот на Луис Енрике има само еден процент шанси за освојување на титулата. Во текот на летото тие останаа без Лионел Меси и Нејмар, а ждрепката ги одреди во групата на смртта со Борусија Дортмунд, Милан и Њукасл.

Лига на шампионифудбал