Пред точно 13 години на денешен ден се одигра познатото миланско дерби во кое славниот шведски голгетер Златан Ибрахимовиќ со брутален удар го нокаутира славниот дефанзивец на Интер, Марко Матераци.
Уште во 2005 година, кога Златан играше за Јувентус, Матераци му „згази на нервите“ и тој никогаш не го заборави тоа.
,,Во тоа време играв во Јувентус. Натпреварот беше против Интер. Марко Матераци играше груб фудбал како убиец и ме повреди. Тој е силен фудбалер и тоа е во ред. Сепак, имате два типа силни играчи. Еден е како Паоло Малдини, а другиот како Матераци. Секогаш доаѓаше со намера да ме повреди“, откри своевремено во едно интервју Ибрахимовиќ.
Никогаш не му прости на Италијанецот, трпеливо чекаше прилика да се одмазди и пет години подоцна го нокаутираше на натпревар и го испрати во болница.
По заминувањето од Јувентус премина во редовите на Интер, каде што беа неговите соиграчи, а потоа се пресели во Барселона, па дојде во Милан, каде конечно доби шанса да се одмазди. Тоа беше прво миланско дерби во сезоната 2010/2011.
Тој момент детално го опишал во својата книга „Адреналин“.
„На почетокот на второто полувреме од натпреварот, тоа е моментот што го чекав пет години. Топката беше меѓу мене и Матераци. Знам дека ќе почне грубо да се однесува, но тој не ги знаеше моите навреди. Сакав да го повредам уште повеќе, бидејќи мојот гнев мутираше сите овие години. Тој беше во идеална позиција за да направам сè да изгледа како борба за топка. Тој се лизна со двете нозе, скокнав за да го избегнам ударот (да одев со двете стапала, двајцата би имале 50 проценти шанса, или тој ме удри или јас го удрам), но јас скокнав, ги собрав колената додека тој се лизгаше под мене и го удирив со лактот во главата. Го слушам звукот на ударот и неговото болно врескање: „Ах…““, го опиша тој момент Ибрахимовиќ.
„Можев да се тркалам на теренот и да се преправам дека сум удрен и јас, но мирно станав и заминав. Тој остаа на земја, го однесоа во болница на прегледи. Знам дека добро го удрив“, додаде Златан.
Ибрахимовиќ откри дека Дејан Станковиќ бил во целосен шок.
„Дејан Станковиќ, кој ми е пријател, дојде да ме праша: Зошто го направи тоа Златан? А јас му одговорив: „Затоа што чекав пет години. Заборави, Дејан. Оди си“, го откри Ибра разговорот со Дејан.