– Само еден европски одговор ќе ни дозволи правилно да управуваме со миграцијата, истакнал потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас во неговиот говор на отворањето на втората Европска конференција за управување со границите што се одржува во Атина, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Схинас рекол дека надворешните граници на Унијата не се национални, туку европски и истакнал дека е потребно нивно зајакнување за да се спречи нелегалната миграција, но и дека се подготвени да се зголеми присуството на Фронтекс, како на пример преку договори во земјите од Западен Балкан.
Потенцирал дека ЕУ мора да дејствува заедно на законодавно и на оперативно ниво.