Драматичните сцени од грчките острови Родос, Крф и Евија, како и од некои други области од земјата, не престануваат со денови поради пожарите кои беснеат повеќе 10 дена. Борејќи се со огнената стихија, на социјалните мрежи се појавија фотографии кои покажуваат дека хуманите луѓе и во овие тешки времиња не заборавиле на животните.
На Фејсбук страницата „Weather News of Greece“ неодамна беа објавени фотографии на кои јасно може да се види дека луѓето во сета неволја со која се соочиле како последица на пожарот, своето внимание го насочиле и кон животните – ставајќи храна и вода на безбедни места за гладните и жедни елени, пишува српски Блиц.
Фотографиите брзо се проширија на интернет, а сцената воодушеви, но и расплака многумина.
„Има уште надеж за нас“, „Ти благодарам за ова“, „Мило ми е што не заборави на животните“, „Хуманост на дело“, „Браво за сите“, „Боже мој, тоа ми го крши срцето да размислувам низ што минуваат невините животни“, беа само дел од коментарите под фотографиите.
Да потсетиме, пожарите во Грција беснеат веќе 10-ти ден, а најкритично е на Родос. Поради ваквата состојба во Грција е издадено предупредување за екстремно високи температури и пожари, но и за невремето кое се подготвува во оваа земја. И неодамнешното спасување на срна од страна на пожарникарите на Родос покажува дека хуманоста на луѓето е на високо ниво.