Новата криминална драма на Нетфликс „Адолесценција” ги освои гледачите ширум светот. Критичарите го пофалија, а гледачите беа воодушевени од впечатливата сцена, за која беше откриено дека е создадена сосема спонтано.
Заплетот го следи тринаесетгодишното момче Џејми Милер (Овен Купер), кој е уапсен за убиство на тинејџерка од неговото училиште. Стивен Греам, еден од креаторите на серијата, го игра Еди Милер, таткото на момчето. Интересното кај оваа серија е што секоја од четирите епизоди е снимена во еден континуиран кадар, додека дејството се одвива во реално време.
Младата ѕвезда Овен Купер во „The One Show“ откри дека сцената во која гледачите биле залепени на екранот всушност не била во сценариото, туку настанала сосема спонтано. Во третата епизода, Џејми седнува со детскиот психолог Ема (Ерин Доерти) која има задача да го профилира пред судењето.
Сцената за која сите зборуваат се случи спонтано
Овен се присети како настанала сцената за која сите зборуваат.
– Во третата епизода беше второто снимање на денот, работиме два пати на ден. Бев уморен, па зевав. Тогаш Ерин даде неверојатна забелешка, таа рече: „Дали ти досадувам?“. Тоа ме врати и ме насмеа, бидејќи тоа го немаше во сценариото. Воопшто не го очекував, но беше неверојатно“, рекол тој, според Мондо.
Спонтаната реакција придонесе за автентичноста на сцената, а актерот откри дека вистинската магија на екранот доаѓа од природните интеракции меѓу актерите.
Да потсетиме дека серијата на Нетфликс ги освои гледачите за само четири дена од објавувањето, заземајќи го првото место на глобалните топ листи за рејтинг, а критичарите ја нарекуваат една од најдобрите серии во последните децении.