Пејачката Лепа Брена освен што е една од најголемите ѕвезди на нашите простори, успешна е и кога е во прашање бизнисот.
До неодамна, сопственичката на огромна музичка продукција, Лепа Брена отворила мал киоск за брза храна во Нови Сад во 1993 година, продавајќи хамбургери, но дури по продажбата на продуцентската куќа таа решила да се занимава со овој бизнис посериозно.
– Иако сите знаат дека Брена ја продаде „Гранд продукција“, ретко кој знае дека таа има друг бизнис, на кој сега очигледно е повеќе посветена – сендвичара.
Таа веќе 29 години во центарот на Нови Сад е сопственик на тоа место каде што се продаваат хамбургери и друга брза храна, па сега е добредојдена да продолжи да биде газдарица – изјави своевремено извор близок на пејачката.
Инаку, тиктокерите снимаат и се сликаат пред кисокот на Брена.
Да потсетиме, српските медиуми пред неколку години дознаа дека сопственикот на „Гранд“ од 1993 година е сопственик на мал киоск во центарот на Нови Сад!
Според податоците на АПР, нејзината сендвичара во 2013 година забележала загуба од 870.000 српски динари. Тоа е сума што би ги натерала уште многу поголемите компании да го стават клучот во бравата, па чудно е зошто таа не го направила истото, бидејќи киоскот е регистриран како микропретпријатие со шест вработени.
2015 година ја заврши со загуба од 438.000 српски динари, додека 2017 година ја заврши со неверојатна загуба од 1.421.000 динари.
Според достапните информации од Агенцијата за економски регистри, таа во 2018 година заработила само 42.000 динари, додека во 2016 година заработила 21.000 динари.