СÈ ИЛИ НИШТО !? Доколку победи на изборите во 2024 година, Владимир Путин ќе започне операција која сè уште не е видена во модерна Русија

Владимир Путин планира да ја засили својата војна против Украина и може да повика на општа мобилизација во Русија откако ќе победи на претседателските избори во 2024 година.

Во меѓувреме, низ целата земја расте гневот меѓу членовите на семејствата на руските војници – десетици илјади мајки и сопруги потпишаа петиција со која бараат нивните насилно мобилизирани синови и партнери да се вратат дома, а многумина од нив излегоа на улиците да протестираат против Владимир Путин, кој пак, сака да ги замолчи со сите сили, за да не ги загрозат претстојните избори.

Неговата параноја дополнително се зголемува со свеста дека токму бунтот предводен од мајките на војниците резултираше со крајот на советската окупација во Авганистан во 1979 година и го забрза распадот на СССР. Токму затоа Владимир Путин им нареди на сите негови регионални функционери и тајни служби по секоја цена да го искоренат „антивоеното несогласување“.

Секој уличен протест треба да се прекине“, изјавил еден извор од регионалната власт.

Организаторите на протестите редовно се контактирани од озлогласената служба за безбедност ФСБ и им се закануваат со санкции доколку продолжат со активности за кои властите стравуваат дека би можеле да излезат од контрола.

Ако победи на изборите, рускиот „диктатор“ ќе може да остане на власт до 2030 година, што исто така ќе му даде одврзана рака да воведе воена служба низ целата земја, пишува Daily Mail. И токму од тоа најмногу се плаши УкраинаОлексеј Данилов, секретар на Советoт за национална безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ), неодамна изјави дека – „Русија е целосно посветена на својата цел, а тоа е уништување на Украина како нација“.

Руската економија се повеќе се движи кон воена основа и општа мобилизација би можела да следи по изборите во 2024 година. Покрај тоа, Русија се покажа многу поотпорна на западните санкции отколку што се очекуваше. Украина и нејзините сојузници имаат три до четири месеци да се подготват бидејќи изборите, кои ќе се одржат на 17. март, би можеле да бидат потенцијална пресвртница за Кремљ“, предупредува Олексеј Данилов.

Откако го преживеа бунтот на групата Вагнер во јуни, рускиот модерен „цар“ сака да ја зајакне својата моќ со учество на претстојните избори. Се очекува Владимир Путин да остане на власт доживотно, и покрај систематското замолчување на критичарите, вклучително и опозицискиот лидер Алексеј Навални .

Олга Цуканова (47 г.), основач на Советот на сопруги и мајки на Русија, беше вклучена во т.н. регистар на странски агенти, а против неа е покренато кривично гонење и и се заканува репресија.

Друг антивоен демонстрант, козметичарката Олга Катс, вети дека ќе продолжи да го предизвикува Владимир Путин, откако тој отворено ја отфрли нејзината петиција потпишана од 100.000 жени со која се бара да им се дозволи на мобилизираните мажи да се вратат дома. Олга Катс ја започна кампањата поради нејзиниот брат Александар (26 г.), кој е на првата линија повеќе од една година.

Олга Катс од Новосибирск со нејзиниот брат Александар

Бараме да се утврди максимален рок на стаж за мобилизација. Крајно време е цивилите кои паднаа под делумна мобилизација да се вратат дома. Претседателската администрација едноставно одлучи да не се грижи за нив“, вели Олга Катс, која администрацијата на Владимир Путин допрва треба да ја замолчи.

До неодамна, многу Руси се плашеа да протестираат, но ситуацијата се менува. Во Москва жените излегоа на улиците носејќи ги натписите „Вратете ги татковците на децата“, „Време е мобилизираните да се вратат дома“ и „Правдата е демобилизација за мобилизираните“.

Децата постојано прашуваат каде е нивниот татко, кога ќе се врати, а ние немаме одговори. Живееме во пекол“, рекла една жена на протестите.

Друга храбра жена, Олга Белановска, сопруга на мобилизиран војник, прелета низ седум временски зони низ Русија за да испрати порака до властите на Владимир Путин во име на стотици сопруги и мајки.

Условите во кои се чуваат се одвратни. Тие се принудени да лежат голи во јама ако одбијат да се борат поради недостаток на основна воена опрема и храна. Не знам дали мојот сопруг Максим (28 г.) е воопшто жив… Ако сакаат да се одморат, војниците треба да платат 200.000 рубљи или 2.225 долари мито. Им се дава најкус можен рок да копаат ровови, па дури потоа војниците добиваат шише вода и некои основни намирници, дотогаш едноставно немаат храна. Дури ни на ранетите, кои се сместени во валкани визби, не им се дава храна, со други зборови, ги забораваат, своите ранети другари. Ранетите, дури и оние на патерици и во инвалидски колички, се враќаат на фронтот. Невозможно е да се добие медицинско ослободување“, открива Олга Белановска.

АрмијаВладимир ПутинвојнаКремљполитикаРусијаУкраина