Сè уште никој од претседателските кандидати не собрал 30.000 граѓански потписи


Претседателските кандидати продолжија да собираат граѓански потписи за официјализирање на нивното учество во претседателската трка на 24 април.

Досега, според ДИК, најголем дел од членовите кои најавија учество не успеале да обезбедат ниту половина од потписите, но рокот за тоа истекува на 8 март.

Од 10-тте кандидати, само двајца се кандидираат преку пратениците во Собранието, а другите ќе одат преку 30.000 потписи од граѓани. Во претседателската трка може да влезат уште двајца со што вкупниот број на учесници би се искачил на 12. Но, само двајца ќе поминат во вториот круг на 8 мај.