Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ Барбара Барби Фереира неодамна објави компилација од фотографии на Инстаграм и предизвика шок во јавноста.
Како што можете да видите, актерката позираше во тесен, кафеав фустан со средна должина, кој ја истакнува нејзината фигура и тенкиот струк.
Барбара беше позната по своите облини и пополна фигура во серијата, но и надвор од малите екрани. Таа беше инспирација за многу плус сајз модели и жени.
Сепак, судејќи по најновите фотографии, актерката ослабе многу, а нејзините облини исчезнаа.
Иако сè уште не го открила методот кој и помогнал да ги изгуби вишокот килограми, нејзините многубројни обожаватели на мрежата имаат свои теории.
И додека некои тврдат дека користела “Ozempik” , лек за дијабетес кој е популарен меѓу познатите личности, други го застапуваат мислењето дека користела поздрав метод – вежбање и исхрана.
„Оземпик си ја заврши работата“, „Не, не користеше Оземпик. На фотографиите се гледа нејзиниот процес на слабеење. Сигурно вежбала и била на диета“, „Оземпик или не, тоа не е твоја работа да одлучуваш. нејзиното тело“, имаше само неколку коментари…