Најпознатата холивудска русокоса, актерката Џенифер Анистон неодамна се појави на премиерата на нејзиниот најнов филм во Лос Анџелес, всушност второто продолжение на филмот „Murder Mystery“ и докажа дека годините не и можат ништо.
Во својата шеста деценија, Џенифер на 54 години изгледа како младо девојче кое води здрава исхрана и редовен тренинг. Во видеото кое го сподели со своите следбеници, таа го откри стајлингот што го носеше на премиерата на филмот. Станува збор за лежерен, краток и блескав сребрен фустан.
Поточно се состоеше од илјада циркони, сребрени мрежи и конци. Џенифер одлично се вклопуваше и го покажа голиот грб на премиерата. Целиот изглед го комплетираше со едноставни сандали кои ги истакнаа нејзините долги и затегнати нозе.