Сите сè уште се сеќаваат на згодната русокоса која ја пееше „Ајде да лудујемо“ на Евровизија во 1990 година.
Знаеме дека годините летаат, но сепак… Можно ли е Тајчи да наполни 53 години?
Да, потврдува Татјана Камерон од далечното Тенеси, која на Инстаграм напиша дека на 1 јули, денот кога го прославила роденденот, била најсреќната личност на светот, објави Јутарњи.
Навистина сум среќна! Ви благодарам на сите за прекрасната роденденска забава што моите момци ми ја приредија во ресторан во центарот на Френклин и за прекрасните чоколади што ми ги подарија моите синови. Добив стотици и стотици роденденски честитки, сестра ми Сања сними спот специјално за мене, а мајка ми Штефица ми се јави во шест наутро да ми честита прва. Се чувствувам сакано, многу ви благодарам на сите – напиша Тајчи на Инстаграм, на која роденденот и честитаа евровизиските фанови кои како и ние се уште ја паметат згодната русокоса која во 1990 година ја отпеа ‘Хајде да лудујемо’ и го освои седмото место на Изборот за песна на Евровизија, кој тогаш се одржа во Загреб.
Портокаловиот фустан кој Тајчи го носеше на националниот избор за песна на Евровизија и понатаму го чува во својот плакар и, како што вели, без проблем може да го носи.