Петси Менути од Форт Лодердејл, крајбрежен град во американската сојузна држава Флорида, е многу горда на своите односи со помлади мажи и се нарекува себеси „Hellacougar“ на социјалната мрежа Тик Ток.
Оваа 52-годишна тренерка по фитнес и јога открива што и пишуваат мажите во приватните пораки на социјалните мрежи.
„Еден човек на социјалната мрежа Snapchat ми испрати видео од неговата задна страна за да ми ја покаже враснатата коса! Моето сандаче е вистинскиот Див Запад“, открила Петси, која има околу 263.100 следбеници на социјалните мрежи и е вистински хит.
Таа додала дека многу нејзини следбеници ги интересира каков живот води како таа во нејзините 50-ти години.
„Постојано ме прашуваат: „Како е да се биде лавица во тие години“ – вели таа во неодамна објавено видео.
На својот профил, жената објаснува како била израсната во строго католичко семејство, каде што често ѝ кажувале дека е „злобна/лоша/корумпирана“, поради што, тврди таа, развила нарушување во исхраната, а исто така се борела и со депресија и самоубиствени мисли.
На патот кон закрепнувањето, таа се заинтересирала за личниот развој, а како многу млада одлучила, како што вели, да остане сама и да има само низа врски во животот, наместо една долготрајна.
На нејзиниот профил на Тик Ток, 52-годишната девојка има верни обожаватели кои ја охрабруваат и постојано и даваат комплименти за нејзиниот изглед.
„Сакам жени како вас! Кој е вашиот Snapchat ? Само напред, девојко! Ти си прекрасна! Беспрекорно!“ – се само дел од коментарите на нејзиниот профил.