Мис Данска Викторија Кјаер Теилвиг беше крунисана за нова Мис Универзум.
На една спектакуларна вечер, новата Мис Универзум 2024 стана Викторија Кјаер Теилвиг, 21-годишна манекенка и активистка за правата на животните од Данска.
Таа ги воодушеви жирито и публиката со својот извонреден изглед, но и со силната порака што ја носи, посветеноста на заштитата на животните и промовирањето на донации на коскена срцевина.
Во финалето, Викторија ги победи натпреварувачите од Нигерија и Мексико, кои ги освоија второто и третото место. Преку убедливиот настап и шарм, Викторија покажа дека убавината не лежи само во физичкиот изглед, туку и во посветеноста на социјалните и еколошките прашања.
На својот Инстаграм профил таа често ги кани луѓето да станат донатори на коскена срцевина, што дополнително ја зацврсти нејзината позиција на овој престижен натпревар.
Да потсетиме дека минатогодишната Мис Универзум беше убавата Шинисе Паласиос од Никарагва. Таа беше член и на одбојкарскиот тим на Универзитетот, но со години е посветена на нејзината манекенска кариера.