Сопственичката на „L’Oréal“, Франсоаз Бетенкур Мајер (70 г.), стана првата жена во светот чиј имот надмина 100 милијарди долари, објави Bloomberg.
Според индексот на милијардери, Франсоаз Бетенкур Мејер е 12-та најбогата личност на планетата, пред Индиецот Мукеш Абани и Мексиканецот Карлос Слим, кој неодамна стана првиот човек од Латинска Америка што ја надмина границата од 100 милијарди долари.
Bloomberg објави дека акциите на „L’Oréal“ забележале вртоглав раст оваа година бидејќи потрошувачите продолжиле да купуваат луксузни производи по пандемијата.
Франсоаз Бетенкур Мајер и нејзиното семејство поседуваат повеќе од 34 отсто од акциите на семејната фирма.
Таа е единственото дете на Лилијан Бетанкур, чиј татко, Јуџин Шулер, го основал „L’Oréal“. Таа го наследи имотот на нејзината мајка кога почина во 2017 година. Компанијата оствари приход од над 38 милијарди долари во текот на годината.