Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е прогласен за виновен за фалсификување документи за да го скрие фактот дека и’ платил на ѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нивната врска пред изборите во 2016 година.
Поранешната порно ѕвезда откри дека имала сексуална врска со поранешниот претседател и дека добила 130.000 долари пред претседателските избори во 2016 година. Од неа беше побарано да молчи за нивниот состанок и да негира дека тоа некогаш се случило.
Уште во 2018 година, Трамп им кажа на новинарите дека не знае ништо за парите што ги добила Даниелс за молчење, но таа детално опишала сè во својата книга, која ја објави истата година.
Адвокатот, наводно, прво ј поткупил Даниелс со свои пари, а Трамп, наводно, подоцна му ги вратил парите. Се шпекулираше дека парите што ги дал Трамп се од претседателската кампања, но тој демантираше.
Која е Сторми Даниелс?
Таа е родена во Луизијана во 1979 година како Стефани Клифорд. Таа беше одгледана од нејзината мајка откако нејзините родители се разведоа.
Запоставена како дете, имала девет години кога била сексуално злоставувана од постар маж, вели таа во своите мемоари објавени во 2018 година.
Како малолетна, таа замина на другата страна на САД, во Калифорнија, сакајќи да се испроба во забавната индустрија и го зеде уметничкото име Сторми Даниелс.
Сотрми прво работела како егзотична танчерка, порно актерка, а потоа режисер и продуцент на порно филмови.
Од каде потекнува Трамп во целата приказна?
Двајцата се запознале во 2006 година за време на голф турнир одржан во езерото Тахо, Невада.
Даниелс рече дека Трамп и’ ветил дека ќе гостува во нејзиното ТВ шоу The Apprentice и затоа решила да спие со него. Секако, на крајот не учествуваше во шоуто.
Таа тогаш имаше 27 години, а Трамп 60
Според книгата, Трамп ја поканил на вечера во својот стан, а ја пречекал во пижами додека лежи на каучот.
Тие потоа се вклучија во, како што таа го опиша како „најдосадниот секс во нејзиниот живот“. Трамп негира дека некогаш бил интимен со Даниелс и ја обвинува за „изнуда“ и „тотална измама“.
За една ноќ заработила вистинско богатство
Од оваа ноќ на страст, Даниелс заработи 130.000 долари за нејзиниот молк пред претседателските избори во 2016 година.
Интересно е што Сторми се обидела да раскаже сè уште во 2011 година, кога приказната ја понудила на Си-би-ес за 15.000 долари , но наводно сè не успеало бидејќи адвокатот на Трамп се заканил дека ќе ја тужи медиумската компанија доколку приказната биде објавена.
На Трамп му се заканува затворска казна до 4 години
Доналд Трамп ќе биде осуден на 11 јули. Судијата Хуан Меркан и даде рок на одбраната до 13 јуни да ги изнесе аргументите за казната, а на обвинителството до 27 јуни да одговори.
Трамп ќе го чека исходот во затвор, а му се заканува максимална затворска казна од четири години.