Ешли Греам, девојката која на социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 20 милиони луѓе, стана најпознатиот плус сајз модел во светот, а таа особено сака да го промовира нејзиниот природен изглед.
На престижни настани таа често сака да се облекува провокативно, па ги изненади сите со проѕирна комбинација на Оскарите . Таа потоа објави серија фотографии кои многумина ги опишаа како „најодвратните досега“, на кои позира гола.
Овој пат Ешли повторно облече фустан низ кој се исцртува секој дел од телото. Станува збор за долг фустан кој се лепи за телото, со отвор на градите.
„Да се најде тивка улица во Њујорк за фотосесија е потешко отколку што изгледа“, напишала манекенката во описот на фотографијата објавена на социјалната мрежа Инстаграм. Ешли го спои овој изглед со сандали со отворени прсти и сив капут, но на повеќето луѓе не им се допадна како фустанот изгледа на неа.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ФОТОГРАФИЈАТА ОВДЕ!
Градите беа главна тема на корисниците на социјалните мрежи. „Извинете, но градите што вака висат се ужасни“, „Не знам зошто сите мислите дека вишокот килограми е супер промоција, не изгледа добро, точка“, „Ја поддржувате затоа што има 100 килограми, кој има кажа дека убави гради ?“, „Изгледа вулгарно“, ова се само дел од коментарите… Сепак, ова не е ни прв ни последен пат Ешли да се прозива, а не изгледа дека таа воопшто не се грижи за нив.