Таа има 18 години, а нејзиното момче 60: „Доволно сум зрела да ја препознаам вистинската љубов“ (видео)

Разликата во годините на љубовно поле често знае да биде голема пречка меѓу двајца. Иако некому може да им пречи една година разлика, многумина се придржуваат до познатата флоскула „годините се само бројка“.

Тиктокерката Киша Луиз ризикуваше и почна да ја покажува својата среќна љубовна врска со постарото момче. Меѓутоа, она што многумина ги загрижува е тоа што Киша има 18 години, а нејзиното момче Димитрос 60 години. Како што споменува во неколку наврати, Киша знае што сака во животот и двајцата се во среќна врска веќе две години.

Иако е 42 години постар од неа, Димитрос и Киша ги спои љубовта кон фитнесот, а често прикачуваат кратки видеа од нивните заеднички тренинзи.

Повеќето коментари на нивните видеа нагласуваат дека нивната љубов е погрешна и дека сметаат дека Киша треба да „избега“ што е можно поскоро.

Разочарана од коментарите на нејзините вирални видеа, таа реши да им се обрати на следбениците и да каже нешто во одбрана на својата љубов.

– Не знам како можете да пишувате такви коментари зад екранот и да се чувствувате добро. Среќни сме заедно и тоа никако не ви влијае на животот, па не ми е јасно зошто има толку многу грди коментари.

Доволно сум возрасна за да знам што сакам и да разберам што е вистинска љубов. Со него сум веќе две години и ако нешто тргне наопаку, немаше да трае толку долго. Се гледа љубомората – разочарано изјави Киша во едно од нејзините видеа.