Таа носи наочари, а лицето ѝ е полно со мозолчиња, но… кога мажите ја видоа во поинакво издание се шокираа (ВИДЕО)

TикТокерката Кармен ги воодушеви обожавателите на социјалната мрежа со својата трансформација. Таа сподели снимка одблиску од себе без шминка и коса направена со очила на лицето, а потоа и како изгледа кога сними видео со шминка и средена коса.

Луѓето беа во неверување, многумина беа убедени дека во видеото станува збор за две сосема различни девојки и дека е невозможно убавицата на крајот од видеото да е истата девојка со онаа на почетокот.

КОСА И ШМИНКА

На почетокот на видеото, кое на TikTok го погледнале 1,4 милиони луѓе, Кармен носи очила, нејзиното лице е полно со мозолчиња, а нејзината темна коса е во неуредна плетенка.

Потоа следела магична трансформација, а на видеото се појавила убавица која не ни наликувала на обичната девојка од почетокот на видеото.

Кармен ја пушти косата и направи меки бранови, се нашминка, но во сосема природни тонови, а комплетниот стајлинг го комплетираше со обетки и ланче.

– Брилијантно! Доказ дека косата менува сè – напиша таа во објавата.

Луѓето беа воодушевени од нејзината трансформација, а многумина дури тврдеа дека на видеото не е истата девојка бидејќи таква промена е невозможна.

– О, па дали е ова можно? – – Ова е неверојатно!

,,И тогаш ме прашуваат зошто не сакам да излегувам со девојки што ги среќавам на интернет. Никогаш не знаеш што ќе добиеш”.

– Твојот сјај е неверојатен! И не се работи само за фризурата и шминката, туку и за осветлувањето, аголот на сликата… сè.

– Можам да се обложам дека ова воопшто не е истата девојка. Сигурно снимале две девојки, а сега се обидуваат да нè измамат – биле само дел од коментарите на нејзината објава.

Многумина забележаа дека многу луѓе дефинитивно сакаат да се забавуваат со неа кога ќе ја видат средрна, што не би било случај доколку ја видат во верзијата во која најверојатно е дома.