„Јас сум вториот сопственик. Првиот сопственик беше една старица Германка со една кратка нога, која еднаш неделно го возеше автомобилот до пазар“, гласи познатата реченица која секој што купува половен автомобил барем еднаш ја слушнал. Ваквите приказни до неодамна важеа за урбани легенди, меѓутоа…
Видео кое инстантно стана вирално на социјалната мрежа Х, снимено во Германија, покажа дека познатата реченица може да се поткрепи со факти, односно дека навистина има „баби со една пократка нога кои возат луди автомобили“.
„Важна објава!Конечно, снимена е познатата баба со една пократка нога, која ја возеше мечката само до пазар и назад!
Луѓе… бабата постои ! “ пишува во описот на видеото на еден од многуте профили кои го споделија видеото од постарата Германка на социјалните мрежи.
Како што можете да видите, старицата со една торба излегла од маркетот, а потоа сама влегла во добро сочуваниот „мерцедес“ Г класа. Таа го стартувала автомобилот и заминала во непознат правец.
„Конечно некој го докажа постоењето на баба“
Целата ситуација ја снимил непознат автор кој во описот на видеото напишал „Добредојдовте во Германија“.
„Хаха конечно да се докаже постоењето на тоа митско суштество!“, „ Како се чувствуваат сега тие што тврдеа дека баба не постои, а?!“, „Очигледно Г класа ја возат само криминалци и баби од Германија“, „Од искуство – бабите и дедовците возат подобри коли од младите во Германија “, „Толку е нормално во Германија што не ни сфаќаш…најчесто баби или деца возат „порше“, Г класа итн…“ напишаа.