Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска ја објави свршувачката со својата партнерка Џоди Хејдон, откако тој ја запроси на Денот на вљубените и таа прифати.
Албанес на социјалните мрежи објави фотографија на која е со својата вереница со текст: „Таа рече да“.
– Голема е радоста да најдам партнер со кој сакам да го поминам остатокот од мојот живот – изјави денеска Албанес во интервју за Скај.
По состанокот за Денот на вљубените во италијански ресторан, Албанес ја запроси Хејдон на балконот од официјалната резиденција на премиерот во Канбера.
Хејдон им се заблагодари на сите што им ја честитаа свршувачката.
Двојката првпат се запозна на настан во Мелбурн на почетокот на 2020 година, објави Ројтерс.
Опозицискиот лидер Питер Датон, вообичаено жесток критичар на Владата, им честиташе на парот во парламентот и рече дека со нетрпение ја очекува „нашата верзија“ на кралската венчавка.
– Ќе бидам таму и ќе фрлам рози пред тебе, премиере, што и да е потребно за да добиеш покана за гала свадба – рече тој.
Министрите од кабинетот и честитаа на парот на социјалните мрежи. Министерката за надворешни работи Пени Вонг, која го знае Албанес со децении, во објава на социјалните мрежи рече дека „љубовта е убава работа“ за мрежите.