Познато е дека Лепа Брена отсекогаш била штедлива, за оваа нејзина особина знаат и оние кои не се нејзини обожаватели. Таа е една од најбогатите пејачки во овој регион и се чини дека богатството го чува многу вредно и го чува секој денар на страна, а се шпекулира дека никаде не остава бакшиш.
Одамна се зборува дека една од најголемите ѕвезди од поранешна Југославија не знае да се отвори и да се почести, а кога ќе се одлучи да остави бакшиш тоа е нешто ситно односно минимално. Така било неодамна и во Хрватска, поточно во Загреб додека седела со сопругот Слободан Бобо Живојиновиќ и уште десетина познаници во ресторан, пишуваат соседните медиуми.
Како што дознава српски Курир, по ручекот пејачката оставила бакшиш од околу три евра. „Поп-ѕвездите живеат подобро од обичните луѓе, но има и такви на кои и покрај парите што ги имаат тешко им е да почестат. Лепа Брена беше со нас во Загреб, во кафеана, со семејството и пријателите. Убаво порачаа, уживаа и седеа повеќе од три часа. Келнерите убаво ги послужија и се трудеа да бидат што попристојни и срдечни, бидејќи се редовни гости. Меѓутоа, кога завршиле со ручекот и отишле да ја платат сметката, Лепа Брена оставила бакшиш од околу три евра. Сите беа изненадени“, изјавил еден извор за весникот.
Ова не е прв пат да се зборува за тоа како таа и нејзиниот сопруг имаат „змија во џебот“, особено таа, која постојано кажува дека била сиромашна кога била млада, а била гладна додека студирала и дека поради тоа таа била навикната на штедење и повеќе од потребно.